Culture

Macedonian Cultural Tourism

MacedoniaMacedonian Cultural History

July 13, 2019

Фолклор и традиции од Македонија

Античката македонска култура всушност била тесно поврзана со културата на Хелените и по падот на македонското царство наскоро била целосно претопена, оставајќи го само сеќавањето за големите Македонци. По 6 век, една нова култура дошла на Балканот, – новите Македонци од словенско потекло, кои имале сосема различна култура – подоцна биле наречени Македонци кои живеат во географскиот регион на Македонија.

Што е фолклор? Под фолклор ние ја разбираме целата материјална и духовна култура на еден народ; песните и легенди што тие како заедница ги сочувале во текот на илјадници години, нивните традиции и обичаи, па дури и начинот на кој тие се облекувале и ги граделе своите куќи. Фолклорот на локалното население е како цел еден систем на верувања кои се додадени на стандардната форма на христијанството – верувањето во магија и енергијата во природата, па дури и на древните ритуали на кои им биле дадени само христијански имиња; во исто време, локалниот фолклор се восхитувачки приказни за борбите на Светците со змејови или средби на овчари со женски демони, кои се нарекуваат Самовили, легенди за силни херои, како Крале Марко, кои ги заштитуваат луѓето и така натаму.

Прочитајте понатаму, за да се откриете повеќе за фантастичниот свет на македонскиот фолклор!

Имам голема пасија кон сите претхристијански, домородни култури. Она по што го сакам балканскиот фолклор е фактот дека е совршено сочувана паганската култура под православна христијанска маска. Од една или од друга причина, христијанизацијата овде во јужниот дел на Европа не е комплетна како во повеќето други места. Тоа што сакам да го кажам е дека луѓето овде се нарекуваат себеси христијани од 9 век, но во суштина тие ги сочувале нивните пагански традиции, давајќи им христијанска форма или име.

Македонски традиции

Типичен македонски фолклорен фустан на еден поштенска картичка

Типичен македонски фолклорен фустан на еден поштенска картичка

Македонскиот фолклорен свет е полн со магија и суеверие, убави женски демони (Самовили) и змејови (Змеј или Ламја на македонски). Сите традиционални ритуали и прослави се сметале за чин на магија, што е најважно, тоа за луѓето бил единствен фактор кој им давал рамнотежа со природата и нејзиниот гнев. Во овој контекст, постои обичај во јули, што е голем пример за ова. Тој обичај се нарекува Горешници (Денови на топлина) или Чуруци (од чад или чур). Во текот на годината луѓето го задржувале каминот во своите домови да гори, и единствениот пат кога се палел оганот надвор од куќата се денови на Горешници (топли денови) од 17ти-19ти јули. Во овие три дена забрането е да се работи и се верувало дека ако некој не ги почитува обичаите, неговиот дом или жито ќе изгори.

Други навистина интересни традиции се поврзани со деновите на крајот и пред доаѓањето на новата година. На прво место, интересно е да се спомене и Игнатов ден – во православното христијанство тоа е само типична прославата за Денот на Свети Игнатиј на 20-ти декември, но истовремено со тоа, фолклорната традиција ги одржува древните ритуали и верувања. Како што споменав погоре, фолклорниот свет на Македонија бил магичен, а со ова мислам постоело верување дека зборовите и делата на луѓето влијаат на светот околу нив. Особено се верувало дека првата личност што ќе тропне на вашата врата и ќе влезе во вашата куќа ќе ја пренесе или неговата среќа или несреќа. Луѓето не ја отворале вратата за некој кој тие сметале дека носи несреќа во тој ден.

Василичар

Василичар

Игнатов ден е прв од серијата на прослави поврзани со Зимската краткоденица. Во ова време на годината – од почетокот на зимската краткоденица, па се до крајот на годината, се верувало дека целиот универзум се враќа во почетниот хаос, се распаѓа, за да може да започне новата година и злите духови се тогаш најсилни. Тоа е причината зошто новогодишните празници завршуваат со претставата Василичари. Мажите од селото прават специјални страшни носии, обично наликуваат на кози со рогови и навистина големи глави и играат посебен ритуален танц, со ѕвона ги плашат и истеруваат лошите духови.

Традиционална македонска медицина

Собирање билки на Иванден

Собирање билки на Иванден

Во средниот век медицинскиот третман се правел од страна на исцелители, кои биле истовремено и духовни лидери на заедницата. Дури и денес за традиционален исцелител на македонски јазик, се мисли на врач. Ова е поврзано со фактот дека овие луѓе ги наследиле своите знаења од античките шамани Третманите понекогаш вклучуваат доза на мистицизам, но во повеќето случаи, се базирани на длабоко познавање на билки.

Еве уште една интересна традиција: на 24-ти јуни, Иванден, кој е, исто така, денот на летната долгоденица, сите исцелители станувале рано да собираат билки пред изгрејсонце, бидејќи се верувало дека ова е време од годината кога тие се најлековити. Како и во сите пагански култури, и тука денот на летната долгоденица бил еден од најважните денови во годината. Тоа се смета толку магичен момент, што локалните жители велат дека на овој ден, ако гледате во сонцето како изгрева, ќе видите како тоа кружи околу небото.

Дури и денес хомеопатските лекови и природни начини за лекување на повеќето болести се навистина популарни во Македонија. Едноставно пребарување на Google за рак во Македонија, ни покажува колку популарни се природни лекови за рак.

Песни и легенди од Македонија.

Круг во жито. Тоа е она што локалните жители го нарекуваат "Самовилско Оро"

Круг во жито. Тоа е она што локалните жители го нарекуваат “Самовилско Оро”

Народните песни од Македонија се познати по својата убавина, но има нешто многу повеќе во нив. Стиховите на повеќето од нив датираат уште од античките времиња, и понекогаш тие се само игриви песни, но понекогаш тие раскажуваат долги и тажни приказни; Пеењето од секогаш било дел од активностите на Македонците, па тие пејат и за тагата и за радоста. Овие песни често раскажуваат приказни за митски суштества и легенди, но и за тоа како светци се борат со змејови.

Интересен пример за една таква стара народна песна е “Самовилско ѕидање”, на кој песната ја раскажува приказната како луѓето граделе мост во текот на денот, и секоја вечер Самовилата го рушела. Овие убави женски демони сееле страв и биле поврзани со демонски места, така што во различни верзии на песната само по осветувањето на местото или со принесување на човечка жртва изградбата можела да продолжи (пример: “Мост ми ѕидаја девет мајстора”).

Македонските народни песни, исто така, раскажуваат за легендарните херои. На овие херои им се даваат надчовечки сили и обично се претставени како заштитници на народот. Еден од најпознатите и најсакани херои во Македонија, како и на целиот Балкан, бил вистинскиот историски лик – Марко Крале, кој бил владетел на царството Прилеп. Следете го овој линк за да дознаете повеќе за него.

Copyright © 2019 using Wordpress - Genesis -Dynamik - Moose Chat theme · Log in